ВБРИЗГАНО ЛИЕЊЕ НА ПЛАСТИКА & ЛИЕЊЕ НА ПЛАСТИКА ВРЗ ИНСЕРТИ

Injection Moulding Прилеп, како регионален добавувач и производител за техничко обликување на пластика во автомобилската индустрија, нуди интелигентни решенија за вбризгано лиење на пластични компоненти, вбризгано лиење на пластика врз инсерти, монтажа на компоненти и принтање на тампо принт врз лиени компоненти.
Нашите пластични компоненти за автомобилската индустрија, се професионално дизајнирани и тоа со највисок квалитет.

Ние обработуваме многу инжинерски полимери, вклучувајќи:

PA6, PA66 – Најлон
POM – Ацетал
PC – Поликарбонат
PPC – Полипропилен
PMMA – Полиметил метакрилат

Вбризганото лиење е производствен процес кој што се користи, со цел да се создадат пластични производи и материјали. Тоа вклучува вбризгување на растопен пластичен гранулат, во гнезда за лиење, кои што се поставени во внатрешноста на одреден калап, и дизајнирани во согласност со бараната форма.

Нашата производствена технологија се состои од машини, дизајнирани од германскиот бренд АРБУРГ, и тоа со притисок од 15-200 тони, со еден удар, како и вертикални и хоризонтални машини со притисок од 130 тони, за вбризгано лиење на пластика врз инсерти. Во нашата групација имаме и машини со притисок до 1100 тони, како и машини со вбризгано лиење на пластика со два удари.

Преку користење на роботските системи, ние можеме да произведуваме на најефективен и најпрецизен начин.

TАМПО ПРИНТ

Тампо принтот е метод, кој што се користи на производи, кои што се специфични за принтање и чии површини се цврсти и заоблени. Како секундарна операција, во овој процес се користат бои, кои што се нанесуваат врз површината, на пластичните лиени компоненти.

padprintig

НАМОТУВАЊЕ И ЛЕПЕЊЕ

Намотувањето е процес, каде што одреден производ, најчесто кабел или жица, се обложува со одреден слој на лента за намотување, со цел да обезбеди, заштита и изолација. Најчесто, во должина, лентата се намотува околу жицата, и со овој процес, жиците се запечатуваат перманентно и се подготвени за инсталација. Времето за нивно процесирање, е минимално.

Лепењето е процес, каде што се спојуваат два дела во еден. Прво, обложениот дел се инсталира во машината за лепење, и се спојува заедно со друг мал пластичен дел, кој што се состои од мала лед сијалица и лепило. Со цел да се обезбеди, непрекинат проток на електрицитет, од конекторот до лед сијаличката, се користи лепилото како постамент, и се добива еден унифициран производ.